Граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“ со музички хепенинг за унитарна Македонија

0

По неделните мирни протести предводени од  Граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“ кои од ден во ден заземаа се поголеми размери и масовност,  и саботниот сончев ден беше искористен да се упатат пораките  за сочувување на унитарноста на државата, како и за одржувањето на нејзиниот мултиетнички карактер. Во повеќе градови, низ цела Македонија, вклучително и Штип, се одржаа музички настани на градските паркови и плоштади.

На протестите покрај голем број на млади луѓе се приклучи и пратеникот Трајче Димков.

unnamed

Имено денес Штип се разбуди со пријатни сончеви зраци, но и со  голем број на македонски  знамиња поставени во центарот на градот. Штип е и меѓу првите градови кои и дадоа поддршка на   Граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“ која го започна првиот мирен протестен марш во Скопје објавувајќи го прогласот: Дојде време за Четвртиот Илинден.

17141461_10210515303832285_410654176_n 17141461_10210515303832285_410654176_n 17141821_1687473657946468_288707361_n

По Штип, на Истокот набрзо се придружија и граѓаните на Кочани и Делчево, кои побараа  од сите наши политички партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава.

извор:канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.