Грандиозен проект за Штип подготвува градоначалникот Захариев

0

Грандиозен проект за Штип подготвува градоначалникот Захариев. Започнува изградба на нов мост на Брегалница кој ќе ги поврзува населбата Сењак со индустрискиот дел на градот.
Мостот и пристапните сообраќајници, се инвестиција од еден милион евра:
Согласно техничките параметри, мостот ќе биде со должина од 56 метри, со широчина како и коловозот од 7 метри, потоа пешачки дел од двете страни, секој со должина од 1.5 метри и банкини и риголи од 1 метар. При тоа, крстосницата со улица „Партизанска“ е решена со посебен проект. Како фиксни точки при повлекување на осовината на улицата се земени почетокот и крајот на улицата и крстосувањето со улица „Др.Слободан Јовановски„ а проектирани се и 4 кривини. Едната фиксна точка е под фабриката „Баргала“ која е последен објект на крајот на улицата од која треба да продолжи новата сообраќајница, на која на едната страна ќе биде мостот, а на втората страна ќе излегува и ќе се приклучува на улица „Партизанска„. Главните столбови кои ќе бидат вкопани од обете страни на реката ќе бидат со височина од 8 метри од кои еден метар ќе биде во самата земја, изјави Драган Ристов, советник за односи со јавноста на о. Штип.
Мостот е еден вид помала обиколница, која ќе значи големо растоварување во сообраќајот:
Многу ќе се олесни сообраќајот во ударните термини. Ова е одлична идеја, дај Боже што побргу да го направат, велат анкетирани возачи и пешаци.
Изгрдабата на мост на Брегалница е идеја која во Штип се заговара најмалку 30 години, но досега никој не се нафатил неа да ја реализира.
Целиот проект е влезен во финална фаза и се реализира во согласност со генералниот урбанистички план. Средствата се инвестиција на општината и по започнување на активностите се очекува проектот да биде завршен за шест месеци.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.