Блокиран патот Штип – Велес со механизација поради…

0

После вчерашните мирни протести кои се одржаа во повеќе градови во Македонија, и земјоделците денес го изразија својот револт од најавените промени на државно ниво. Получасовна блокада со земјоделска механизација на патот Штип-Велес, кај клучката Кадрифаково организираа попладнево земјоделците од Лозово и Свети Николе. Тракторите и приколките се испречија на регионалниот пат, додека возачите чекаа од двете страни, без можност да го продолжат патувањето. Протестот, како што рекоа, е спонтан собир поради најавеното воведување на двојазичност на целата територија на државата и загрозената унитарност. Од име на иницијативата „За заедничка Македонија“ за време на мирниот протест беше прочитан и проглас.

По получасовната блокада, земјоделската механизација беше тргната, а сообраќајот нормализиран. Инаку, земјоделците најавија дека деновиве ќе ги радикализираат протестите доколку се остварат најавените промени на државно

канал плус

Сподели.


Коментарите се затворени.