Овие момци направија песна на која девојките нема да одолеат

0

Сигурно се сеќавате на Никола и Столе, момците кои направија интересна преработка на „Туѓа си бескрајно“, хитот на Ефто Пупиновски…

nikola

Токму овие момци, деновиве ја промовираат нивната нова песна, направена во соработка со Бојан Трајковски од „Eye Cue“.

–              Во нашата нова песна направивме спој на звуците од гитара и саксофон , покажувајќи ја уште еднаш милозвучната и заводлива страна на македонската поп-музикa. Песната е со брзи елементи и невообичаена и искрено се надеваме дека ќе стане дел од музичкото секојдневие на нашата публика, која редовно е со нас на нашите настапи, велат момците од”RePlay”.

„РИПЛЕЈ“ наскоро ќе изненадат со уште една преработка на хит од 90-тите години,а во меѓувреме уживајте во нивната нова песна или на некој од нивните настапи ширум Македонија.

Сподели.


Коментарите се затворени.