ЗАСИЛЕНИ АКЦИИ НА СВР ШТИП – 68 ВОЗАЧИ ЈА ПРЕЧЕКОРИЛЕ БРЗИНАТА НА ДВИЖЕЊЕ

0

Се` поголем број возачи возат со голема брзина од пропишаната, ова го покажа последната акциска контрола на Секторот за внатрешни работи Штип, која беше извршена за време на изминатиот викенд. Од извршената контрола дури 60 возачи ги прекршиле сообракајните правила и прописи.

– Од извршената контрола 60 возачи ја пречекориле брзината на движење во населено место додека осум возачи надвор од населено место . Превземени се вкупно 68 мерки по овој вид на прекрашок при што на 42 возачи издадени им се мандатни платни налози за наплата на глоба, додека 26 возачи писмено се опоменати. Управување на возила со брзина поголема од дозволената е една од најголемите и најчести причини за сообраќајни незгоди, изјави Гордана Панајотова-Портпарол на СВР ШТИП

Според законот за безбедност во сообраќајот глобите за брзо возење и непочитување на пропишаната брзини се движат од 20 па се до 400 евра, или забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци. Како што изјави Гордана Панајотова портпарол на СВР Штип и понатаму ќе продолжат засилените акциски контроли за санкционирање на ваквите прекршоци.

каналплус

Сподели.


Коментарите се затворени.