Оглас за неповратни грантови од 4.000 евра за самовработување

0

Над 1.050 лица кои ќе можат да отворат над 1.000 микро компании од денеска ќе можат да аплицираат за неповратни грантови од 4.000 евра од Програмата за самовработување за 2017 година.Во наредните 10 дена право на аплицирање имаат сите невработени лица евидентирани како активни баратели на работа.
Покрај грантот од 4.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, учесниците во програмата за самовработување добиваат и низа други придобивки кои треба да им помогнат да станат успешни претприемачи, како што е обука за претприемништво, ескпертска поддршка за развивање на својата бизнис идеја во одржлив бизнис план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот.

Најдобро оценетите бизнис планови ќе имаат можност да добијат грант со дополнителни 1.500 евра за едно дополнително вработување во новоформираната фирма. Програмата за самовработување се објавува по 11 пат, а оваа година за прв пат поддршката е зголемена на 4.000 евра.

Од 2007 година до 2016 година преку програмата за самовработување се основани 8.730 фирми во кои се вработени 8.969 лица.

каналплус

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb