Малолетник од Штип нападнал полицаец

0

Малолетник од Штип нападнал полицаец. До ова дошло, откако службеникот со негов колега, сакале да го спречат 15-годишникот да изврши кривично дело. Кога полицајците му се доближиле, тој сватил дека во намисленото нема да успее, па едниот од нив го турнал. Полицаецот, ваква реакција од детето не очекувал, па изгубил рамнотежа, паднал и удрил со главата во метална ограда.

Додека колегата се обидел да му помогне, малолетникот искористил шанса и со уште едно лице, побегнале. Полицискиот службеник итно бил пренесен во штипската Клиничка болница, каде му биле констатирани телесни повреди и потоа укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што најверојатно, малолетникот, ќе одговара за кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие.

твстар

Сподели.


Коментарите се затворени.