За само 10 денари штипјани ќе се возат низ градот и до селата

0

За само 10 денари штипјани ќе можат да се возат низ градот и до селата. Општината, наскоро ќе воведе субвенциониран градски превоз, кој ќе сообраќа линиски во текот на целиот ден, низ повеќе штипски населби:

  • На пола час би се обраќал автобус во сите населени места. Автобуски постојки има, автобусот ќе оди преку Осми Ноември, Сењак, Дузлак, Баби и назад, а во план ни е вклучување и на селото Стар Караорман, изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Картата за едно возење би чинела 20 денари, од кои штипјани би дале 10, а другата половина би ја субвенционирала општината. Дневно, таа ќе плати од 300-500 карти. На годишно ниво, реализацијата на градскиот превоз, локалната самоуправа би ја чинел 30.000 евра.

Освен во градот, ќе се воведе линиски превоз до селата од лакавичкиот регион и овчеполието:

  • Следна фаза би било да обезбедиме барем во петок превоз за селата во лакавичко и овчеполието. Финансиски можеме да го поднесеме тоа, имаме заинтересирани автопревоници, изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Иако, само еден ден во неделата, ова е од големо значење за жителите од руралните средини. Досега, тие до градот патуваа или со такси или со училишниот автобус :

  • Само во петок, други денови народ нема да има, а за петок одлично ќе биде, има сега мало автобусче и нема место, мораме да стоиме, изјави анкетиран жител на Драгоево.

Предлогот на градоначалникот, наскоро ќе се најде на една од следните седници на Советот, кој треба да даде одобрение. Исто така, во иднина, општината планира да набави и сопствено возило, кое ќе сообраќа редовно од селата до Штип.

твстар

Сподели.


Коментарите се затворени.