Хорор во Штип! Силувана малолетничка на Исарот

0
М.М. (42) од Штип, заедно со неговата тринаесетгодишна ќерка, вчера во 12 часот во Полициската станица Штип,  пријавиле кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, извршено од лицето А.М. (23) од Радовиш.
На 15 фервуари 2017 година околу 11 часот во Штип, на ул.„Сутјеска“, малолетничката се сретнала со А.М., со кој претходно се запознала преку социјалната мрежа „фејсбук“.
Кога се сретнале пријавениот и рекол да влезе во неговото патничко возило „мерцедес“, но таа одбила. Потоа тој физички ја нападнал удирајќи ја со рака во лицето, по што оштетената исплашена влегла во возилото.
По ова се упатиле на тврдината „Исар“ каде што А.М. го извршил половото дејствие. По пријавување на настанот А.М. е задржан во СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Сподели.


Коментарите се затворени.