петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВработените во УЈП нема да работат од 10 до 12 часот, ќе...
spot_img

Вработените во УЈП нема да работат од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат секој ден

Вработените во Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски од работното место. Од таму предупредуваат дека постои можност „да настанат непосакувани состојби“ како неисполнување на работни задачи и обврски на вработените при евентуално одржување на генерален штрак.

Пред два дена одржаа протест со почеток во 11 часот пред зградата на Министерството за финансии.

Вработените тврдат дека претходно со министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој сè уште не е потпишан од министерот Бесими. Тие предупредија дека ќе бидат принудени да почнат генерален штрајк и целосна блоката, ако не се исполни договореното.

„Во содржината на посочениот договор е утврдено зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано согласно одредбите на член 66 од Законот за буџети. Во исто време таквата примена на посочениот член ја потврди и Собранието на Република Северна Македонија со давање на свое автентично толкување. Претходно работни групи делегирани од работодавачот и репрезентативната синдикалната организација Солидарност изготвија и заеднички ја прифатија содржината на новиот Колективен договор на ниво на работодавач“, се вели во соопштението на вработените.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ