Штипјанец преку ноќ осиромашен за пола милион денари

0

Вчера во Штип на ул.„Сутјеска“ во стан на Л.С. (57), непознат сторител кој насилно влегол кршејќи го прозорот, извршил тешка кражба, при што одзел 20 златни лири, 5.000 евра, музички систем, плазма телевизор и дигитален ресивер, стекнувајќи се со противимотна корист од околу 500.000 денари.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

Сподели.


Коментарите се затворени.