Реализирани над 400 значајни проекти- Отчет на градоначалникот на Штип Илчо Захариев

0

За три ипол годишниот мандат на градоначалникот на Штип прим. м-р Илчо Захариев завршени се над 400 значајни проекти.

Станува збор за голем број реализарани проекти во делот на комуналната и патна инфраструктурни, водовод и канализација, во делот на образованието, културата, здравството и спортот.

Што се однесува до патната инфрастуруктура досега се асфалтирани над 140 улици, освен во градот асфалтирани се улици во приградските населби како и во селата.Само во Овчеполскиот регион се инвестирани околу 1 милион евра а некои села добија пат по повеќе од пет децении како што е Пухче, Горачино, Сарчиево, Суво грло  во Лесковица, Долани, Драгоево, Селце, Врсаково, и други.

Штип доби комлетно нов лик а доказ за тоа е изградбата на новата патека околу река Брегалница која почнува од населбата Ново село до населбата Балканска а во иднина патеката ќе биде продолжена до населбата Караорман.

Во делот на спортот направени се над 20 спортски терени од кои две мултифунклионални игралишта во населбата Мазги и Сењак, четири тениски терени исто така во населбата Сењак, спортски терени во населбата Дузлак и Баби. Реконструирани се спортските сали во основните училишта а во училиштето во населбата Баби се гради нова спорстка сала. Оградени се голем број на спортски терени а како еден од најзначаните проекти е реконструкцијата на градскиот стадион во Штип. Освен во градот направени се и голем број на спортски терени во околните села. Само за спорт општината издвојува над 500.000 илјади евра.

Бројот на реализирани проекти е и во областа на културата овде се трите значајни манифестации на Штип, Штипка Пастрамајлијада, Макфест Штипско културно лето како и 19 Декември патронот на градот, освен ова во делот на архитектурата се реконстрирани повеќе стари куќи кои се значајни за историјата на градот.

Како најзначајни проекти кои во моментов се реализираат во соработка со Владата се изградба на експересниот пат Штип-Кочани, Штип-Радовиш автопатот Штип- Миладиновци- Скопје, изградбата на Клиничката болница во Штип, изградба на гасоводот Кчечовце-Штип како и изградба на нов карго аеродором каде што сите овие проекти се од големо значење, не само за градот туку и за целиот регион.

Во денешниот отчет градоначалникот истакна дека во иднина ке се реализираат уште многу значајни проекти. Најави нов мост преку Брегалница и улица која ќе ги поврзе индустриската зона и улицата Борис Крајгер со што Штип ќе добие прва алтернативна обиколница, 1 милион евра за нова водоводна линија од филтер станицата, проект за изградба на нова детска градинка како и уредување на коритото на река Брегалница од 8.ноември до бањата Кежовица.

Сите проекти наксоро ќе бидат објавени и во печатено издание.

За време на мојот мандат, не ја задолжив општината и голем дел од долговите се подмирени изјави градоначалникот прим м-р Илчо Захариев кој додаде дека не конкурирал за втор мандат.

Сподели.


Коментарите се затворени.