РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН

0

Општина Штип започна со последната фаза за реконструкција на градскиот стадион во Штип. Од денеска е објавен огласот за започнување на тендерската постапка за покривање на северната трибина на фудбалскиот стадион. Проценетата вредност на проектот е 4 милиони и 500 илјади денари а крајниот рок за доставување на понудите е 13 Февруари.

Градскиот стадион веќе наликува на модерен стадион, имено во првата фаза комплетно беше уреден самиот терен, се поставија осум 20-метарски рефлектори со комплетно ново напојување за нив, а беше асфалтирана и атлетската патека.

За првпат по неколку децении стадионот ќе биде адаптиран за фудбалски натпреври согласно стандардите на УЕФА и ФИФА.Реконструкцијата на градскиот стадион чини околу половина милион евра кои заеднички ги издвојуваат општината и ФФМ.

Сподели.


Коментарите се затворени.