Во Штип се одржа јавна расправа за експропријација на имотите за експресниот пат Штип-Радовиш

0

Изградбата на експресниот пат Штип и Радовиш се очекува да започне наскоро. Пред стартот на изградбата на новиот автопат потребно е да се решат имотно правните работи со сопствениците на земјиште од штипското село Долани до Радовиш. За таа цел денес во Штип беше одржана првата јавна расправа на Јавното претпријатие за државни патишта за постапката на експропријација.

Автопатот ќе биде со две ленти по 3,5 километри и две ленти во ширина од 2 метри. Трасата на новиот автопат ќе се протега паралелно со стариот пат.

Финсиските средства во износ од 64 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Изградбата на овој автопат во голема мера ќе ја модернизара патната инфраструктура во источниот дел. Исто така наскоро се очекува да започне изградбата на патот од Штип до Кочани и од Кочани до Делчево.

Сподели.


Коментарите се затворени.