МАРКО ВУЧЕТИЧ Е НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ФК БРЕГАЛНИЦА

0

Фудбалскиот клуб Брегалница од денес доби ново засилување во пресрет на новата полусезона. Официјално Марко Вучетич од Република Србија денес го стави потписот на договорот со ФК Брегалница и ќе биде новото засилување на клубот.

Како што изјави претседателот на фудбалскиот клуб Брегалница Ангел Бојаџиев новото засилување во зимскиот преоден рок ќе се обиде да му помогне на клубот да опстане во првата фудбалска лига.

Вучетич има богата фудбалска кариера кој досега ги има носено дресовите на повеќе домашни клубови во Србија, а играл и во интернационални клубови во Турција и Литванија. Марко Вучетич е веќе познат на штипската јавност бидејки претходно две години има играно и за фудбалскиот клуб Брегалница.

Брегалница за мене е познат клуб овде играв две години така да нема потреба да се прилагодувам, ги познавам играчите така да веднаш можам да се вклучам во тимот изјави Марко Вучетич. Нашата цел ќе биде да се бориме клубот да опстане во првата фудбалска лига да играме во финалето на купот и секако да го освоиме изјави Вучетич.

Инаку ФК Брегалница покрај подготовките за новата полусезона доби и официјален веб сајт на клубот каде што сите љубители на фудбалот можат да се информираат за сите новитети на клубот.

Сподели.


Коментарите се затворени.