сабота, април 27, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВнимавајте, има засилени сообраќајни контроли: Фрчеа казни во Штип, Тетово и Охрид
spot_img

Внимавајте, има засилени сообраќајни контроли: Фрчеа казни во Штип, Тетово и Охрид

На 06.06.2023 во времето од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 43 прекршоци, од кои 32 надвор од населено место и 11 во населено место. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 2 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас и 2 за некористење заштитна кацига.

На 06.06.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 52 прекршоци (ТЕ-37 и ГВ-15) надвор од населено место. На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози. Исто така, во текот на оваа акциска контрола биле констатирани и 5 останати прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4)

На 06.06.2023 во периодот од 12.00 до 18.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 61 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената (Охрид-08, Струга-10, Кичево-40, Дебар-03).

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ