петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНов лош потег на министерот за здравство: Наместо да им помага на...
spot_img

Нов лош потег на министерот за здравство: Наместо да им помага на луѓето и да биде во болница, Меџити го повика кардиохирургот Јовев да му биде советник

Министерот не кажал дали ќе ја ревидира својата одлука, со што Јовев би се вратил на директорската позиција во Клиниката за кардиохирургија, но нагласил дека докторот ќе продолжи да биде вработен во оваа здравствена установа

Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој пред неколку дена го разреши директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија, Сашко Јовев, денеска го повика кардиохирургот да биде негов советник во кабинетот како национален координатор за кардиохирургија.

Министерот за здравство ова го посочил за време на денешниот брифинг со новинарите, уште еднаш повторувајќи дека разрешувањето на Јовев од чело на Клиниката за кардиохирургија нема никаква политичка заднина.

Министерот не кажал дали ќе ја ревидира својата одлука со што Јовев би се вратил на директорската позиција во Клиниката за кардиохирургија, но нагласил дека кардиохирургот ќе продолжи да биде вработен во оваа здравствена установа.

Говорејќи во оваа насока, Меџити бил прашан од новинарите што ќе биде со економскиот директор на Клиниката за кардиохирургија, односно дали и него го чека истата судбина како и разрешениот организациски директор.

„За организацискиот директор, ние пративме инспекција, тоа ги вклучува и двата директора, тие имаат одговорности и заеднички и посебни. За првиот одлучивме, деновиве ќе излеземе и со одговор за вториот, организацискиот директор“,кажа министерот.

Меѓу другото, на брифингот со новинарите Меџити посочил дека Јовев не е единствениот разрешен директор откако тој е на чело на Министерството за здравство.

„Имаше промени во многу други здравствени установи, на медицински директори, организациски, некои си поднесоа самите оставка, а други беа разрешени“,додал Меџити истакнувајќи дека и во иднина секаде ќе има инспекции и ќе се постапува според закон.

Министерот за здравство во понеделникот го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија Сашко Јовев, со првично образложение „повеќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или десет години и немаат никаков резултат“. Подоцна, во интервју за ТВ 24, Меџити рече дека Јовев бил разрешен откако по направена инспекција во оваа здравствена институција биле констатирани големи злоупотреби.

Кардиохирургот Јовев, пак, вчера побара преиспитување на одлуката за неговото разрешување истакнувајќи дека државната Клиника за кардиохирургија не се утврдени нерегуларности.

Тој кажа оти дека во последниот период бил изложен на големи притисоци и дека причината за неговото разрешување, како што е наведено во решението, се две дежурства во 2022 година за кои не добил согласност од тогашниот министер за здравство.

Инаку, кардиохирургот Јовев ја предводеше првата трансплантација на срце во земјава за што ја доби наградата „Св. Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на здравството.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ