Популарната претстава „Брачна игра“ гостува во Штип

0

Нова атрактивна претстава во Штип! Популарната претстава „Брачна игра“  на 10.01.2017 гостува во домот на културата Ацо Шопов!

режија: Тони Михајловски
Играат: Игор Џамбазов и Весна Петрушевска

Почеток: 20ч.

Цена 250ден

Информации на 078/745-774

%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%87%d0%bd%d0%b0

Претставата „Брачна игра“ е поставена на малата сцена во Македонскиот народен театар, која, според генералниот директор на МНТ Дејан Пројковски, е наменета за интимни драми од големи автори каде публиката одблиску ќе може да ги гледа големите актерски ѕвезди, како во овој случај Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Режисер на претставата е Тони Михајловски, кој по магистерските студии по театарска режија ја поставува својата прва претстава. Михајловски истовремено е уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Суштината на претставата е брачната игра и отвора повеќе прашања и дилеми. Брачна меланхолија!? Здодевност!? Баруштина!? Очај!? Здодевност!? 50 години!? Хистерија како гром од ведро небо!? Караница!? Здодевност!? Брачни проблеми!? Тоа па тоа!? Кој е лудаков!? Здодевност!? Што бара во мојот живот!? Џилијан и Џек!? Весна и Игор!? Јасна и Перо!? Маре и Нико? Тука? По градов? Некаде во соседството? Бла бла бла… Кај на сваќата внуката од брат? Кај кумовите? По дома? А? Познато? Мириса на нешто лично? Мириса на нешто многу лично!

„Ако тргнеме од фактот дека бракот е основната клетка на едно општество во социјалното живеење, каде сѐ треба да функционира беспрекорно, бидејќи од домот потекнуваат сите работи, во претставата ќе видите дека сѐ е дисфункционално. Во претставата го играме бракот така како што 90 проценти брачни двојки го ’играат‘ бракот. Со многу скриени работи, со многу вистини и многу лаги. Претставата ја играме во ова време, на точно место и со јасна цел“, објасни актерката Весна Петрушевска.

„Брачна игра“ на Едвард Олби гарантира феноменално патување низ нервниот систем на Џилијан и Џек! Конфликт до коска! Тешки прашања сѐ уште без одговори. Психоанализа до баналност! Трагика до комичност! Љубов до омраза! Брак до развод, и назад! Феноменална забава, божем на туѓа сметка. Џилијан и Џек, како Весна и Игор или Весна и Игор како Џилијан и Џек!

Како поента од претставата, режисерот Тони Михајловски ја посочи мислата на авторот Едвард Олби: „Добриот брак не прави од двајца еден, туку прави од двајца добар брак, а корисен брак создава индивидуалци.“

Сподели.


Коментарите се затворени.