Обичаи за Бадник и Божиќ: Еве што МОРА да направите!

0

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Бадник се слави еден ден пред Божик и со коледарските огнови и со малите деца – коледарчиња се најавува Рождеството Христово. Бадник претставува ноќ на мирот, радоста и на сплотеноста. Овој празник е поделен на два дела – периодот од полноќ до пладне на шести јануари е Коледе, а од пладне до полноќ се слави Бадник.

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник. Денот наспроти Божик се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година и годинава, православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските.
Домовите и куќните прагови се украсуваат со дабови гранчиња, наречени Бадникови дрвца. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

%d0%b1%d0%b0%d0%b4

Традиционалните обичаи за Коледе-Бадник почнуваат во ноќта пред празникот, со палење на големи обредни коледарски огнови, кои горат до доцна во ноќта, со песна, оро, греана ракија и вино, и неизбежната погача.

Во раните утрински часови, најмладите коледари во духот на традицијата ќе ги пеат своите бадникови песни и ќе ни го најават раѓањето на Исус Христос. Со традиционалните коледарски песни, малите дечиња од рано утрината по стариот добар обичај одат од врата до врата на христијанските домови, чин, кој според црковните верувања, го навестува скорешното Христово раѓање. Вредните дечиња за својот труд и испеана песна добиваат костени, бонбони, јаболка, портокали и симболично пари. Продуктите што ги добиваат коледарите треба да бидат посни, бидејќи се уште трае божикниот пост.

Во Македонија традиционално се собира семејството на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна со што симболично треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. духовите на мртвите.
Специфичната традиција за македонската прослава на Бадник е во секоја куќа се меси лепче, пита или погача во која се става паричка. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на онолку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел ја бараат парата во лепчето и оној што ќе ја најде ќе се смета за најсреќен во годината што претстои.

Бадник е верски празник кога, според традицијата, семејството се собира на посна богата вечера. Се вади од се по нешто како адет, но и за бериќет, годината да биде богата. Според верувањата и обичаите, на богатата бадникова посна трпеза ќе се најде и лепчето со паричка, а оној кој ќе ја најде, се верува дека ќе има среќа и здравје во текот на годината. За вечера на Бадник се приготвува посна вечера од повеќе видови јадења. Меѓу јадењета, најпочесно место заземаат посниот грав, питата со зелка или праз, посните сармички, рибите, урмите, сушените смокви, бадемите, нескршени ореви (постои верување дека ако оревот кога ќе го скршите не е црвлив, ќе имате бериќет во претстојната година), јужните овошја (мандарини, портокали), јаболката, костените и баклавата. На масата треба да стои и запалена свеќа украсена со бадниково гранче.

Обичај е по вечерата, посната трпеза да не се раскрева, туку така заедно со храната се остава така се до утрото, затоа што постои верување дека дедо Боже ќе дојде преку ноќта да се нахрани. и ќе се нахрани или, во некои места, духовите на мртвите.

За Божик дома да си!

Со Божик е поврзана и поговорката „Пред Божик, зад Божик, дома да си“, што има посебно значење дека за време на овој голем празник секој треба да биде дома и во кругот на семејството да го прослави овој голем христијански празник.

Сподели.


Коментарите се затворени.