Дејан Богданов е новиот потпретседател на Федерацијата на боречки спортови

0

Бетим Вренези е избран за претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), а Дејан Богданов за заменик претседател на одржаното вонредно Собрание на ФБСМ на 28 декември 2016 во Скопје, додека Страшо Глигоров е избран за спортски директор.

Беа избрани и Управен одбор (11 члена) и Надзорен одбор од три члена, а беа направени и измени во Статутот. Гости на Собранието беа директорот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Валдимир Богоевски и Томе Андоновски од Агенцијата за млади и спорт.

unnamed-2

„Доаѓајте слободно во слободната Федерација на боречки спортови на Македонија“, рече веднаш по изборот за претседател Бетим Вренези, кој рече дека биле свесни за целата ситуација кога ја преземале иницијативата со Дејан Богданов за свикување на вонредното Собрание.

Вренези ги посочи проблемите кои настанале по оставката на претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, на 30 јуни на Собранието, односно дека нашите репрезентации не настапија на светски и европски првенства за кадети и младинци. Дејан Богаднов рече дека знае како е да се биде спортист и оти знае какви тешкотии имало.

„Тука сме за борењето, сакаме да помогенеме. Затоа ги поминавме сите клубови и ги запознавме со нашата иницијатива, но и се запознавме со условите во кои работат и со нивните проблеми“, нагласи Богданов.

Управниот одбор ќе го сочинуваат преставници на 5-те најдобри клубови – Лирија, Балканец, Тефејуз, Бучим и Неготино, Могамед Ибрагимов, Илчо Марковски – претставник на женското борење, две места за бизнисмени и по функција претседателот и заменик- претседателот кои работат со врзани потписи. Во Надзорниот одбор се избрани: Ивица Ефтимов, Александар Стојановски и Хајруш Синани.

На собранието беа присутни 13 клубови од Македонија од вкупно регистрирани 20 со по двајца делегати. Сите одлуки беа едногласно избрани без ниту еден против или воздржан.

unnamed

Сподели.


Коментарите се затворени.