Првиот ден од викендот во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12, а максималната од 18 до 26°C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.