ФК Брегалница со нови засилувања во пролетниот дел

0

Фудбалскиот клуб Брегалница денеска официјално ги потврди првите трансфери во клубот за престојниот зимски трансфер период. За пролетниот дел фудбалскиот клуб Брегалница ќе се засили со пет нови играчи. Станува збор за двајца македонски фудбалери од кои веќе познатите Дарко Стојанов и Никола Тонев кои претходно играа во клубот, Томи Костадинов од Бугарија како и двајца нови интернационални играчи Единилсон Бергоние од Бразил кој треба да пристигне во Јануари а игра на позиција средина, и Евгениј Александров голман од Бугарија од клубот Дунав Русе.

Во изјава за медиумите претседателот Бојаџиев истакна дека во моментов се преговара со уште двајца играчи односно со Бобан Мариќ и Ристе Наумов.

Според претседателот Бојаџиев раководтсвото на Брегалница до крајот на сезоната останува исто каде што на чело шеф на стручниот штаб е Здравко Цветановски

Осми Јануари е првата прозивка на фудбалерите на Фудбалскиот клуб Брегалница кои ќе заминат на подготовки во Охрид, а според претседателот Бојаџиев не се исклучува можноста подготовките за пролетниот дел да бидат во Турција каде што ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари со некои европски клубови.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.