петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаБалканНова паника во Србија: Ученик утрово предизвикал страв и трепет откако донел...
spot_img

Нова паника во Србија: Ученик утрово предизвикал страв и трепет откако донел пластичен пиштол на училиште и го вперил во учениците!

Во Обреновац во ОУ „Јефимија“ 14-годишен ученик утринава извадил пластичен пиштол од ранецот и го вперил во правец на учениците, пренесува Пинк.

Како што пренесува pink.rs, по едноминутно молчење, наставничката накратко ги оставила децата во училницата за да утврди дека сите влегле во паралелката.

Пријател на ученикот кој го донел пиштолот го зел пиштолот, најверојатно за да го фрли во канта, но потоа трето момче го зело и почнало да мавта со него низ училницата. Училишниот полицаец веднаш реагирал. Известени се класниот раководител и училишниот психолог.

Реагираше и полицијата – Одделот за малолетничка деликвенција.

Српските медиуми потоа објавија дека е уапсен таткото на момчето кое донело пластичен пиштол на училиште. Со него во полиција дошол и неговиот син.

Да потсетиме, 13-годишен ученик од седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград вчера пукал во учениците, наставничката и обезбедувањето во училиштето. Загинаа осум ученици и еден чувар, а ранети се шест деца и еден наставник. Две деца се уште се критични.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ