Орденот „Свети Никола“ годинава за најголемиот Штипјанец Д-р Жан Митрев

0

Орденот „Свети Никола“ годинава Илчо Захариев, градоначалникот на Општина Штип ќе го додели на кардиохирургот Жан Митрев. Признанијата „Свети Никола“ ќе бидат доделени на свечена академија во соборниот храм „Свети Никола“ во недела на 18 декември.

Орденот Свети Никола ќе го добие нашиот почитуван кардиохирур д-р Жан Митрев. Со своето дело и ангажман тој спаси илјадници животи, направи најмодерен кардиоцентар не само на Балканот, туку и во Европа и една таква личност која пораснала во нашиот град заслужува да го добие ова врвно одликување“, рече Захариев.

sv-nikkola-zan

Признанија „Свети Никола“ ќе добијат и три институции и четворијца штипјани.

Признанија ќе добијат директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на рурланиот развој Билјана Вуковиќ, со чија помош и пари реализиравме седум проекти низ руралните средини. Потоа директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, затоа што околу Штип се градат важни патишта, а тие помогнаа и во уредување на влезовите во Штип, од Кочани, Скопје и околу Ново Село како и пред некој месец и од Карбинци кај Караорман. Третата институција кој ќе добие признание „Свети Никола“ е Агенцијата за млади и спорт, за директорот Марјан Спасески, оти благодарение на него направивме осум спортски терени“, истакна Захариев.

Признание „Свети Никола“ ќе добијат и новинарот Љупчо Шатевски, дописник на весникот „Дневник“ кој 30 години информира за градот Штип и придонесе за промоција на градот, потоа универзитетскиот професор Борче Крстевски, поранешен проректор на универзитетот „Гоце Делчев“ и декан на Рударско-геолошкиот факултет. Признание ќе добијат и тројца вработени од Одделението за јавни набавки во Штип, Кире Јорданов, Александра Ангеловска и Никола Опашинов.

Сподели.


Коментарите се затворени.