Асфалтирана патеката на градскиот стадион во Штип, ќе има пет стази за трчање

0

Градскиот стадион во Штип полека наликува на модорен европски стадион. По поставувањето на осумте рефлектори и комплетно новиот тревник се асфалтираше и атлетската патека која ќе има пет стази за трчање, паралелно со ова тече и тендерската постапка за покривање и на трибините во стадионот а Штип ќе добие нов современ стадион според сите стандарди благодарение на фудбалската федерација на Македонија и на градоначалникот на Општина Штип изјави денес директорот на фудбалскиот клуб Брегалница Ангел Бојаџиев.

Општина Штип ќе се вложува и понатаму стадионот да биде репрезентативен објект на градот за нови натпревари. Сето она што се вети на штипјани се оствари а освен атлетската патека ќе се реконструираат уште неколку стадиони во градот изјави Илчо Захариев градоначалник на Штип при денешниот увид на градскиот стадион.

std1

Што се однесува до патеката, таа ќе има пет ленти, наскоро ЈП Стипон и ќе ја обележи а помошните терени ќе бидат уредени по сите стандарди. Нашите атлетичари имаат и друго место за трчање, каде веќе ќе започне со асфалтирање на патеката од над 3.5 км од Осми ноември до Балканска. За три дена се очекува да заврши асфалктирањето на патеката а таа ќе може да се користи и за возење на велосипеди – додаде Захариев.

Според Захариев, ќе се реконструираат уште четири помали стадиони,во населбите Македонка, Три Чешми, Стар Караорман и кај бањата Кежовица. Тие ќе добијат нова тревната површина и ќе бидат оградени.

Во наредниот период во Штип ќе се гради и кошаркарско игралиште веднаш до фитнес зоната зад Исарот како и скејт парк проект на агенцијата за млади и спорт заедно со општина Штип.

Сподели.


Коментарите се затворени.