Потпишан договорот за Експресниот пат Штип – Кочани

0

Бетон и Гранит ќе го градат експресниот пат од Штип кон Кочани

„Бетон“ и „Гранит“ ќе го градат експресниот пат од Штип кон Кочани. Договорот за изградба на патот кој државата го најавува повеќе од една година, е потпишан денес:

  • Патот ќе биде со широчина од 11 метри, со четири ленти и со приклучоци за сите населени места кои се покрај него, истакна Александар Стојановски, дир. на Агенција за државни патишта.

На тендерот за изгрдаба на овој пат се јавиле 10-тина компании што резултираше со намалување на цената за градба:

  • Првично беше предвидено изгрдабата да чини 30 милиони евра, но со големиот интерес цената ја намаливме на 20 милиони евра, рече Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

Паралелно со патот кон Кочани, во овој регион се работи или се планира работа уште на неколку други локации:

  • Во план е изградба на експресен пат кон Радовиш, а во завршна фаза е изградбата на патот Велес – Кадрифаково, кажа министерот Мисајловски.

Парите за изградба на експресниот пат Штип –  Кочани се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, а двете македонски компании имаат рок од две години за завршување на првата фаза од патот.

Сподели.


Коментарите се затворени.