Исарот во Штип ќе биде поатрактивен и од Самоиловата тврдина

0

За околу седум години штипската средновековна тврдина „Исар“ ќе стане најатрактивната тврдина во Македонија, поатрактивна дури и од охридската Самоилова тврдина. За реализација на оваа идеја ќе бидат вложени околу 1,5 милион евра.

„Имаме идеен проект, а наскоро ќе се работи и на основниот проект за тврдината. Со проектот е предвидено да се изгради акрополата на целата тврдина, со 11 кули и многу придружни објекти кои во средниот век му служеле на населението кое живеело на самиот врв од Исарот. А тоа се базен за вода со два резервоари, црква, објекти за живеење и за чување храна и друго“, информира Зоран Читкушев, директор на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип.

Според Читкушев, во моментов се работи на проектот за комплетната реконструкција, статиката е изготвена, а работите ќе започнат идната пролет.

„Ако сé биде како што се планира, целиот прокет ќе бид реализиран за 6-7 години кога ќе ја имаме најубавата тврдина во државата“, вели Читкушев.

Тој бил на разговори во Софија, Бугарија, каде со консултантски куќи кои посредуваат при изработка на проекти кои се финансираат од ИПА фондовите била разгледувана можноста проектот да се финансира од европските фондови за прекугранична соработка.

Сподели.


Коментарите се затворени.