Физикална терапија Штип доби комплетно нов базен (ФОТО)

0

Физикалната терапија во Штип од денес доби нов реконструиран базен за хидротерапија кој работи во склоп на Клиничката болница во Штип. По 49 години пациентите од Штип и регионот ќе добијат подобри услови и подобар квалитет во лекувањето.

Одлуката за реконструкција менаџерскиот тим на клиничката болница Штип ја донесе со цел да се подобрат условите на пациентите, а со самото тоа ќе се зголеми и квалитетот на здравствените услуги, изјави Елизабета Папарова- Економски менаџер во Клиничка болница-Штип.

5-1024x576

Инвестицијата на реконструкцијата на базенот во физикалната терапија е во вредност од два милиони денари, средства издвоени од буџетот на клиничката болница

Базенот е изграден од 1967 година во кој како лековита вода се користи природно минерална вода со температура од 62 степени целзиусови. Инаку овде се лекуваат пациенти од цела Македонија кои боледуваат од лумбоишијалгија, фрактура, спондилоза и реума.Под стручен надзор од страна на физиотерапевтите овде се рехабилитираат по 150 пациенти.

Во наредниот период предвидено е реконструкција на сите простории каде што се лекуваат и рехабилитираат пациентите кои доагаат од цела Македонија. За 2017 година е предвидено реконструкција на кадите со топла вода, за 2018 година просторијата во која вежбаат пациентите под стручен надзор од страна на физеотерапевтите со тоа што целиот блок за физикална терапија ќе биде комплетно реконструиран.

4-1024x576

Сподели.


Коментарите се затворени.