сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо Штип беше промовирана книгата „Долго патување до дома“ од проф. др....
spot_img

Во Штип беше промовирана книгата „Долго патување до дома“ од проф. др. Весна Кожинкова (ФОТО)

Вчера во Штип беше промовирана новата книга на проф. др. Весна Кожинкова, со наслов „Долго патување до дома“, а во која е опфатена егејската тема во современата македонска проза низ модалитетите на домовноста.

Докторскиот труд работен под менторство на Весна Мојсова-Чепишевска постана книга – со посвета, со исповед за семејството протерано од своето огниште и со резултати од истражување за цел тематски комплекс во македонската литература препознатлив по тоа што ја третира темата на насилно прогонетите Македонци од Егејска Македонија за време на Граѓанската војна во Грција.

На ова долго патување ќе го читнете книжевниот разговор меѓу Весна Мојсова-Чепишевска и Весна Кожинкова, а преку кој ќе дознаете дали авторката конечно стигнала до дома?!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ