Четири сообраќајни несреќи за помалку од 24часа, 3 лица загинаа

0

43 годишниот скопјанец Тони Китановски и неговата 50 годишна сопатничка Изабела Истатова од Струмица се жртвите во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на патот Штип-Радовиш, кај месноста Пилав Тепе, кога околу 17 часот и 50 минути дошло до директен судир помеѓу патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки и автобус на приватната струмичка компанија Струмица Експрес. Во несреќата со полесни повреди се здобиле две девојки кои со автобусот патувале кон Скопје каде што студирале и истите беа префрлени во Клиничката болница во Штип, каде после укажаната помош се пуштени на домашно лекување. Покрај двете студентки со полесни повреди се здобиле уште седумина патници од автобусот кои откако биле прегледани во радовишката болница исто така се пуштени на домашно лекување.

Уште една сообраќајна несреќа се случи денес во Штип пред камениот мост на р.Брегалница во населба 8-ми Ноември, во која учествуваа патничко моторно возило и комбе. Увидот сè уште трае, а за среќа во оваа незгода нема жртви, но според првичните информации до кои дојде екипата на Канал плус возачот на патничкото моторно возило е примен во Клиничката болница во Штип, каде му се констатирани лесни телесни повреди.

Нова трета сообраќајна несреќа повторно во Штип се случи попладнево кај железничкиот подвозник во близина на населбата Македонка. Во несреќата учествуваа возило на Армијата на Република Македонија и патничко возило, марка Голф. Увидот сè уште трае, а повеќе информации од СВР Штип најавија за утре.

Исто така и четврта несреќа се случи вчера околу 09,10 часот во кругот на Клиничкиот центар во Скопје,  на паркингот на Клиниката на Стоматологија, се случила сообраќајна незгода во која возило „голф“, управувано од М.К. (62) од Штип удрило во пет паркирани возила.

Имено, М.К. управувајќи го возилото во еден момент му се слошило и додека му укажувале лекарска помош и го пренесувале во Ургентниот центар, починал.

Сподели.


Коментарите се затворени.