Две приватни фирми заинтересирани за ФК Брегалница, Бојаџиев најави борба за опстанок на клубот

0

По двата неуспешни обиди за продажба на акциите на Фудбалскиот клуб Брегалница, новиот претседател на клубот Ангел Бојаџиев денеска изјави дека две приватни фирми веќе пројавиле интерес за купување на акциите на фудбалскиот клуб Брегалница од кои едната е во преговори со локалната самоуправа за купување на пола од акциите а со самото тоа клубот ќе зајакне, ќе има ред и ќе има успех.

Како што изјави претседателот на клубот градскиот стадион доби комплетно нов терен според сите стандарди на УЕФА, во моментов е распишан и тендер за изградба и на едната трибини, но засега според Бојаџиев во приоритет е опстанок на клубот во првата лига кој се наога во тешка ситуација и е на последната позиција на табелата.

Го даваме максимумот за Брегалница, ги повикувам сите спортски работници и сите што ја сакаат Брегалница да се вложат во клубот и да помогнат, да не го гледаат својот личен интерес, додаде Бојаџиев.

Инаку по пауза од една ипол година Брегалница последниот натпревар во рамките на 15 коло во правата лига го одигра на комплетно уредениот тревник на градскиот стадион во Штип каде што загуби од екипата на Победа со резултат од 2-3.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb