Штипјанец им продавал дрога на студенти од Турција

0

22-годишен штипјанец, во турските студенти, видел шанса за вносен бизнис. Дел од нив, почнал да ги снабдува со дрога. Три поединечни пакувања со марихуана им ги продал за сума од 2.000 денари.

Дрогата, 22-годишниот штијанец со иницијали В.Т. ја набавил од засега непознато лице. Дома, ја препакувал во помали количини , соодветни за една доза и во неколку наврати им ја продавал на двајца турски студенти.

Веста за него се раширила меѓу нарко зависниците во Штип, а бизнисот тргнал, па наместо да купува штипјанецот решил марихуаната да си ја произведува сам.

Но гласот за него надалеку се чул, па стигнал и до ушите на полицијата. Ова иницирало, претрес во домот на дилерот, каде се  пронајдени  две семки од канабис и една пластична саксија во која биле засадени седум млади растенија канабис.

Од денес, штипјанецот е со кривична пријава од полицијата за неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога.

твстар

Сподели.


Коментарите се затворени.