Boolywood наоружани кражби во Штип

0

За само три месеци на идентичен начин под закана со пиштол ограбени се два маркети во Штип.Вчера вечер повторно непознато маскирано лице ја испразнило касата на маркет лоциран на улицата Љубен Иванов. Разбојниикот влегол во маркетот и на вработената со закана со пиштол и украл околу 17.000 илјади денари.

Претходната кражба која се случи во месец август со огнено оружје во маркет во населбата 8ми Ноември е расветлена од страна на полицијата каде што сторител е 29 годишен штипјанец, кој на исти начин со закана со пиштол од касата разбојникот украл 33.000 денари.

Во расветлување на претходниот случај помогнаа надзорните камери во ограбениот маркет. Ваквите чести кражби по маркетите го отворија и прашањето колку се безбедни вработените кој се почесто се мета на насилници.

Сподели.


Коментарите се затворени.