На ден 13.04.2023(четврток) со почеток во 09.00 часот во училишната спортска сала на ООУ”Димитар Влахов”- Штип, ќе се одржи Општински натпревар во борење за деца почетници од сите основни училишта во Штип од петто до осмо одделение.
Учениците кои тренираат борење нема да настапат на натпреварот.
За освојувачите на прво, второ и трето место ќе се доделат Дипломи. Целта на натпреварот е селекција на млади таленти кои ќе бидат иднината на БК Балканец.