петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsНУЦК „Ацо Шопов“ со повик до сите штипјани: Дојдете и учествувајте во...
spot_img

НУЦК „Ацо Шопов“ со повик до сите штипјани: Дојдете и учествувајте во конкурсот за избор на најубаво шарено јајце (ФОТО)

Изложбата „Шарено велигденско јајце“ и годинава ќе се орагнизира во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип. Настанот ќе се организира в четврток, на 13 април, кога граѓаните треба да донесат украсено велигденско јајце. Од Центарот за култура испраќаат апел за интерес до сите граѓани на општина Штип и посочуваат дека секој кој ќе донесе бојадисано велигденско јајце ќе влезе во конкурсот за избор на најубаво јајце.

Шарените велигденски јајца треба да се донесе во периодот од 10 до 11 часот во просториите на Домот на култура, каде ќе бидат изложени во изложбениот салон Галерија ’22, а фотографијата од јајцето и генералиите на учесникот: име и презиме и телефон за контакт треба да се достават на електронската пошта на НУ.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во 14:00 часот, кога ќе се доделат три парични награди во висина од 10.000 денари во бруто износ.

Истоимениот конкурс се одржа и минатата година, кога добитници на наградите беа Димитриј Коцев, Ристе Мицевски и Маја Крстевска Коларова.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ