петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНов скандал го зави спортот во црно: Каратистите ќе платиле дури по...
spot_img

Нов скандал го зави спортот во црно: Каратистите ќе платиле дури по 180 евра повеќе за Медитеранското првенство, ако не се побуниле некои клубови

Чудни работи се случуваат деновиве со патувањето на Медитеранско карате првенство за кадети, јуниори, У-21 и сениори од 19 до 21 мај во Тунис. Карате федерацијата на Македонија преку туристичка агенција пратила понуда до клубовите за патување и сместување во Тунис, која за повеќе клубови била висока, кои патем сами си ги плаќаат трошоците. По ова следат дописи од клубови спрема Федерацијата, па така и цената за патувањето се намалувала и се направила разлика од 11.160 ден или за 135 учесници вкупно 1.506.600 денари или околу 24.497 евра, пренесува ipon.mk.

Имајќи предвид дека право на учество имаат 89 јуниори, кадети и У21 и 46 сениори, или вкупно 135 натпреварувачи, тогаш сатнува збор ијзладница евра, што само по себе е скандалозно.

Од друга страна, се намтенува прашањето: Кој сака да заработи на каратистите?

Но. да одиме по ред.

Јован Лазарев од КК Цевтан Димов во дописот до Федерцаијата вели дека известени од КФМ дека ја прифатиле понудата на агенцијата „Њу вејс оф травел“ која понудил три различни цени за три различни хотели:

-65.720 ден

-59.520 ден и

55.800 ден за хотел Зара.

„Во текот на вчерашниот ден КК Макпетрол достави понуда од туристичката агенција Скаут за истиот лет од истатаа авио компанија (Туркиш ерлајн) и за истиот хотел Зара 660 евра по патник со доручек и 720 евра со вечера.

За непол час вие доставивте нова понуда од истата туристичка  агенција која сега изнесува  44.640 денари или приближно 720 евра со што ја изедначувате со понудата на ТА Скаут.

Не е  јасно како во рок од еден час цената на патувањето падна за 11.160 денари. Образложение беше дека се промениле цените на авионските билети. Јас секој ден ги отворам цените на билетите за лет од Скопје до Тунис и на нив нема промени,односно цело време стои цената од 430 евра.

Ве прашувам што ќе се случеше ако Макпетрол не доставеше понуда. Ќе остваревте разлика во цената од 11.160 ден или за 135 учесници вкупно 1.506.600 денари или околу 24.497 евра. Каде ќе отидеше таа разлика?

Не е јасно зошто мора да се претстојува во официјални хотели кога хотелите во Тунис се многу евтини. Во Тунис може да се претстојува во хотели со доручек за вкупно 75 евра за 4 дена, ако се додаде вечера од 7 до 8 евра тоа ќе инесува 105 евра по лице. Зошто да плаќаме по 260 евра. На тој начин ние го плаќаме транспортот од хотел до сала и назад 155 евра по лице.

Локалниот транспорт е многу евтин и таксито чини околу 5 евра од едниот до другиот крај на градот. За мали пари може да се обезбеди автобус за локален транспорт“, истакнува проф. д-р Јован Лазарев во дописот до КФМ.

Во Барњето до Карате федеаријата на Македонија тренерот на КК Макпетрол посочува дека добиената понуда е нереално повисока од понудата што ја побарале и добиле од ТА Скаут – Скопје.

„Понудата од New Ways of Travel за хотел Захра со вклучен авионски билет, трансфер од аеродром до хотел, хотелско сместување со појадок и вечера изнесува 900 евра.

Понудата на ТА Скаут, за истиот хотел само по појадок, авионски билет и трансфер во истиот период и за истиот лет изнесува 660 евра, а со вклучена вечера ќе биде 720 евра. Евидентна е огромната разлика и во другите понудени хотели.

Затоа Ве информираме и дека за нас е поприфатлива понудата од ТА Скаут бидејќи за истите услови и истите денови имаат 180 евра пониска цена по патник.

Бараме од КФСМ да ни овозможи сами да одлучиме со кого ќе патуваме, бидејќи секој сам си ги подмирува трошоците за учество на Медитеранското карате првенство.

Ве молиме во иднина да ни нудите реални понуди со реални и прифатливи цени.

За да не доаѓаме во вакви немили ситуации, и да помислуваме дека некој сака да не искористува, Ве молиме во иднина да има објавен КОНКУРС за учество и давање на понуди од страна на повеќе Туристички Агенции“, истакнува Заборски кој во прилог ја доставува понудата од ТА Скаут.

Во второто Барање до КФМ Заборски констатира:

Согласно добиената понуда за патувањето на Медитеранското карате првенство Ве информираме дека добиената понуда од Ваша страна, која сега ја преправивте веднаш по испратеното Барање и по нашата реакција, доаѓаме до сознание дека преправената понуда повторно е  повисока од понудата што ја добивме, сега веќе дополнително од ТА Скаут – Скопје.

Како пример, понудата од New Ways of Travel за хотел Захра со вклучен авионски билет, трансфер од аеродром до хотел, хотелско сместување со појадок и вечера изнесува 44 640 ден / 61 80000 = 722 00 евра.

Понудата на ТА Скаут за истиот хотел само со појадок, авионски билет и трансфер во истиот период и за истиот лет изнесува 630,00 евра, а со вклучена вечера ќе биде 690,оо евра. Евидентна е разлика на цената и во втората понуда ТА Скаут има поевтина понуда.

Затоа Ве информираме дека за нас е поприфатлива понудата од ТА Скаут бидејќи за истите услови и истите денови имаат 32,00 евра пониска цена по патник.

Бараме од КФСМ да ни овозможи сами да одлучиме со кого ќе патуваме, да се прифати поефтината понуда,  бидејќи секој сам си ги подмирува трошоците за учество на Медитеранското карате првенство“, нагласува Заборски.

По ова се поставуваат многу прашања: Како се бира агенцијата со која ќе се патува на одредено натпреварување? Зошто нема јавен повик? Кој ќе одговара за лошиот избор на агенција? Кој ќе им се извини на каратистите и клубовите?

Извор: ipon.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ