Коритото на Отиња до пролет целосно ќе биде уредено

0

Административниот дел од вработените во ЈП Исар и денес наместо во канцеларија, работеа на терен. Коритото на Отиња ќе биде целосно уредено до пролет, а овие акции во голема мера ја забрзуваат реализацијата на овој амбициозен проект, велат од Исар. Акциите на админстрацијата на Исар ќе се реализираат се додека има потреба од нив. Целосно уредено корито на река Отиња во цела должина на нејзиниот тек низ градот, е еден од покрупните проекти на локалната самоуправа и ЈП “Исар”, кое паралелно работи на поставување на нови водомери и обнова на водоводната и канализациска мрежа во повеќе штипски населби.

Сподели.


Коментарите се затворени.