Давид Миладинов со ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА

0

Давид Миладинов го освои првото место на 12тиот Интернационален фестивал за пеење и танци во Софија, Р. Бугарија.

Од 21 до 23 Октомври се одржа 12тиот Интернационален фестивал за пеење и танци во Софија, Р.Бугарија. Од вкупно 540 учесници на фестивалот Македонците повторно го погажаа својот талент.
Првото место и златниот медал му припадна на Давид Миладинов и неговата прва авторска композиција “Не верувам во грев” чиј автор е Мирче Кикиритков а аранжман на м-р Филип Стевановски.
Миладинов ја освои публиката и 12 членото меѓународно жири на фестивалот, а воедно Миладинов доби покани за учество на фестивали во Грузија, Израел и Латвија во декември годинава на коишто ќе учествува и ќе ја претставува Р.Македонија со својот ангелски глас. Со оваа победа тој ја започна својата ИНТЕРНАЦИОНАЛНА КАРИЕРА. Целата публика во Софија, Р. Бугарија беше одушевена од гласот и настапот на Миладинов и го прифатија со раширени раце. Тој има настапувано на многу концерти со камерни состави и оркестри како соло пеач, но и на фестивали за поп и народно пеење меѓу кои е и Охрид Фест 2016. Давид Миладинов е студент на Факултет за музичка уметност во Скопје на смерот соло пеење.

dsc_0227

На фестивалот исто така со награди се здобија и други Македонци меѓу кои се:
Тамара Јакимовска 11 години – второ место и сребрен медал
Симона Петрушевска 11 години – трето место и бронзен медал
Алек Роберт 9 години – диплома за најшармантен изведувач на фестивалот и
Марија Стоилковска 17 години – диплома за одлична интерпретација
Како ментори и промотори на овие наши Македонци се јавуваат имињата на
проф. м-р Ирена К. Стевановска и проф.м-р Филип Стевановски заедно со Образовната академија “Виртуал – М”

dsc_0245 dsc_0313 dsc_0337 fb_img_1477387250334 fb_img_1477394366366 fb_img_1477516486043 fb_img_1477516522795 fb_img_1477516578026

Сподели.


Коментарите се затворени.