вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДетали за грозоморниот настан во Струмица: Го опила девојчето, па ја соблекла...
spot_img

Детали за грозоморниот настан во Струмица: Го опила девојчето, па ја соблекла и дозволила да ја силуваат

Струмичкото обвинителство денеска излезе со детали за тоа што се случувало на новогодишната прослава во куќа на еден од малолетниците каде било силувано малолетното девојче за што е отврена истрага, има притвор за струмичанката и мерки за децата кои го силувале.

Дваесет и едногодишната струмичанка која заврши во притвор под сомнение им помогнала на двајца малолетници да силуваат тринаесетгодишно девојче, го поттикнало девојчето да се опие, ја соблекла во една од собите каде се славела новогодишната забава и им помогнала на двајцата малолетници да ја силуваат.

-Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата, велат од Обвинителството.

Судија на претгодна постапка и одреди притвор на струмичанката, а за двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ