Захариев: Успеавме да го вратиме Штип на вистинското место, да си го поврати епитетот центар на Истокот

0

Интервју на Илчо Захариев, градоначалник на Штип за порталот Денешен.мк.

Колку сте задоволен од реализираните проекти во Вашиот мандат како градоначалник на Штип? Дали го исполнивте она што го ветивте на штипјани ?

Јас изборите ги добив со програма која вклучува 129 проекти, но истите беа реализирани уште првата година од мандатот. Затоа и реков, тоа беше мало загревање за понатамошните активности и дојдовме до ситуација кога програмата мораше да се надгради. За тоа колку и дали сме направиле доволно, оценка ќе дадат граѓаните, но според моите секојдневни разговори, контактите со нив на терен и слично, можам да кажам дека постои позитивно расположение за работата на локалната самоуправа и за мојот ангажман.

Јас не сум кабинетски градоначалник кој цело време ќе седи во фотеља и ќе командува. Јас сум постојано на терен, каде се работи – јас сум таму, за да видам како течат работите, ако нешто сум задолжил да се направи, сакам да видам како се одвиваат работите.

Така јас ја разбирам работата на градоначалникот, да биде во сите населби, меѓу граѓаните и од нив да црпи проекти, да ги согледува нивните проблеми и веднаш да се решаваат. Затоа и на три месеци пред 2017, можам да кажам дека имаме остварено околу 400 проекти. Тоа е речиси три и пол пати повеќе од мојата изборна обврска и ветување.ilco

Кои се клучните проекти со кои посебно се гордеете?

Има многу и верувајте кој и да се спомене сите имаат голема вреднст пред се за градот и за штипјани.

На пример, со сопствени средства го уредуваме коритото на река Отиња која го дели градот на два дела. Остана уште еден дел а претпоследниот веќе се прави. Тоа значи дека по повеќе од 100 години, Штип конечно добива уредено корито во центарот на градот, онака како што доликува.

Направивме мултимедијален центар. Некогашното летно кино кое беше дувло и руина на градот, сега е прекрасен нов проект реализиран со пари од ЕУ преку ИПА програмата.

Направивме стадион со вештачка трева, и постоечкиот стадион се реконструира а освен тоа инвестиравме и во уште 20.тина спортски терени со сопствени средства. Го реконстуиравме и Домот на млади по децении пропаѓање а помогнавме да се направи и амфитеатар во градската библиотека.

Она што за мене е најважно е што се посветивме на инфраструктурата. До сега се направени над 115 улици, како во градот така и во руралните средини. Со децении нашите луѓе во селата биле заборавени, отсечени од градот. Ја немале најпотребната работа, пат до дома.Ние се погриживме тоа да го решиме. Во соработка со Владата, со ЈП за државни патишта, Министерството за транспорт, Бирото за финансиска поддршка на руралниот развој и со наши средства направивме патишта до речиси сите села во штипско до Сарчиево, Горачино, Селце, Суво грло, Мантово, Љуботен, Шашаварлија, Трогерци, Пухче, потоа улици во Брест, Долани, Селце, Драгоево,Лесковица, обновивме селски чешми и направивме мини-плоштади затоа што и тие луѓе таму, без оглед на тоа дали се 5, 10 или 100 заслужуваат да живеат нормален живот.

Тоа се наменски средства и кога веќе државата ни ги дава, штета е да не се искористат. Со тоа се создаваат сите услови за обнова на куќите и враќање на луѓето. Изградивме кружен тек на крстосницата Дујле и тоа за рекордни 7 дена. ЈП „Исар“ работи ефикасно и реновираше делови во бањата Кежовица каде што во тек е обновата и на тушевите. Обновивме дузина спортски сали низ школите, го обновиме подрачното училиште во населба Македонка која конечно доби и канализациона мрежа, исто и во Балканска и во Чардаклија. Во завршна фаза е канализацијата за Караорман кој по три децении исто така се приклучи на водоводната мрежа.

Направивме пешачка патека зад градскиот Исар која стана заштитен знак на сите рекреативци а наскоро истата ќе сепродолжи за уште 5 километри а Штип е и првиот град кој доби Фитнес парк но и две мултифункционални и тениски игралишта во соработка со Агенцијата за Млади и спорт. Се асфалтираше на градските гробишта, помогнавме во конструкција на над десетина цркви во градот и надвор од него и уште многу други работи. Нема поле на кое не сме оствариле успех.

Во културата, во спортот, во економијата. Секаде !

БЕТОНИРАЊЕ-ОТИЊА-660x330

Каква е соработката со централната власт?

Одлична, беспрекорна и таа дава резултат. Благодарение на ангажманот на Владата, Штип конечно добива нов автопат и тоа прв по речиси 50 години. Идната година ќе бидеме сведцои на историски момент пуштањето на патот Штип-Миладиновци, обновена е и постоечката делница која е во финална фаза кај Кадрифаково, ќе се гради пат до Радовиш и Кочани. Владата веќе ја гради новата Клиничка болница. Тоа е можеби највредниот и најважен проект не само за Штип туку и за целиот исток. По 75 години, конечно ќе имаме нови услови во здравството. Да не заборавиме, Штип доби и ТИР зона во која за помалку од две години има три фабрики. Две веќе функционираат а третата на италијански Кондево наскоро ќе почне со работа. И во градските индустриски зони имаме отворање на фабрики. Штипска „Актива„ со белгиски „Ван Хол“ веќе ја отвори фабриката за автобуси а во план е уште еден погон кој ќе донесе повеќе работа но и нови вработување.

До нив, во зоната „Запад“ веќе е во завршна фаза новата фабрика на германски „Семак фешан“ а уште еден германски гигант „Маер и Маер“ имаат намера да инвестираат во Штип. Некаде, околу 20.тина фабрики се градат во моментов и затоа правиме нов ДУП за нова градска зона со површина од околу 350 хектари. Доказ за успехот е тоа што е намален бројот на невработени во Штип.

Во 2006 сме имале околу 10.000 невработени а сега се околу 2000 со тенденција идната година и тие да се вработат. Да не заборавиме, Штип доби Сертификат за бизнис пријателска Општина а според „Фајненшал Тајмс“ сме на шесто место по перспективи за живеење на ниво на градови до 100.000 жители. Некаде дури и фигурираме како први, во зависност од категоријата.

Севкупно, успеавме да го вратиме Штип на вистинското место, да си го поврати епитетот центар на Истокот, но знаеме дека има уште работа и секогаш може повеќе.vlcsnap-2016-10-19-12h56m25s248-660x330

Штип стана и Универзитетски град што значително ја смени сликата на градот како град на текстилот?

Сосема е точна констатацијата и од сегашен аспект, по речиси девет години постоење на Универзитетот „Гоце Делчев“ можам да кажам дека Штип доби многу со отворањето на ова високо- образовна институција.

Таа внесе свежина, квалитет во обрзованието и секако отвори нови перспективи во економијата, профилирање на кадри согласно потребите на пазарот. Со околу 20.000 студенти, со брз раст и во поглед на условите но и на техничката опременост УГД за само неколку години се наметна како сериозен Универзитет не само во Македонија туку и пошироко.

Соработата со Универзитетот е на највисоко можно ниво и за нас таа е од особено важен карактер. Од друга страна, и текстилот е важен за Штип. Ние имаме одлични бизнисмени кои со текстил се занимаваат повеќе од две децении. Имаме одлични стопанственици, добри домаќини кои ја поддржуваат општината во многу манифестации важни за градот, како што е „Пастрмалијадата“ или фестивалот „Макфест“.Тие се важен столб во штипското стопанство и ја имаат сета наша поддршка во развојот. И не само во текстилот, во секоја стопанска гранка имаме примери на одличнифирми и компании кои се многу важни за Штип. Знаете, населението во Штип расте, штипјани не се селат а заради Универзитетот имаме прилив на луѓе па потребата за стан е голема.

Во моментов имаме околу 1000 станови кои се на продажба а тука ќе помогне и Владиниот концепт за куќи за млади брачни парови. Веќе работиме на локација за 600 куќи со можност истата да стигне и до 1000 локации.

Колку е променет Штип по сите овие проекти, инвестиции и развојни програми ?

Многу, и тоа не е само моја лична оценка, тоа е оценка и на многу луѓе кои не доаѓале во Штип неколку години. Сум имал средби со Амбасадори кои не доаѓале во Штип 3-4 години. Кога се враќаат тука, велат има новини, има што да се види. Тоа не е повеќе оној Штип кој го знаевме.

Работите се менуваат, гледаме машини на секој чекор, луѓето работат, а сето тоа носи нови лица кои сакаат да го видат Штип. За она што го направивме овие 4 години, допрва ќе се говори.

Штипјани и сега во разговор велат нема повеќе дупки на улиците низ градот. Ги кршевме автомобилите, сега е полесно. Многу луѓе кои газеле кал со децении, конечно добија улици. Цели населби како што е Дузлачки рид се послани со асфалт по три децении мизерување.

И кога некој од тие граѓани ќе дојде до мене и ќе ми пружи рака, тогаш знам дека сум го направил вистинското нешто. А тоа е најголемото благодарам што некој може да ми го каже.14358656_1099401793475882_7758170723839549473_n 14358881_1099401453475916_2684472334302520596_n

Сподели.


Коментарите се затворени.