Модерни куќички, ќе ги заменат грдите тезги покрај кејот на Отиња

0

Типизирани  куќички, ќе ги заменат грдите тезги покрај кејот на Отиња во центарот на Штип:

  • Ќе ги поставиме на овој дел, ќе бидат дрвени, ќе се отвораат нанапред како изложбен простор, кажа Ангел Бојаџиев, дир на ЈП „Исар“.

Ова значи уредување на просторторот овде, но и поголема заштита на уличните продавачи:

  • Јас сум преку 30 години на пазарот и ако ова се направи ќе биде одлично, рече трговец.

Куќичките ќе бидеат покрај кејот на Отиња. Значи ли ова дека „Исар“, крева раце од т.н. Стар градски пазар:

  • Во нашата програма за наредната година предвидено е покривање на овој пазар, кажа Бојаџиев.

Доколку овие два проекта се реализираат, комплетно ќе биде уреден овој дел од градот, каде администрацијата на Исар, вложи најмногу труд з ауредување на речното корито.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.