Коцката и калта за жителите од неколку населби во Штип заминуваат во историјата

0

Коцката и калта за жителите од неколку населби во Штип заминуваат во историјата. Во Штип интензивно се работи на обновата на повеќе улици. Од денес започнува асфалтирањето на една од фрекфентните улици, населба „ Пиринска“ после триесет години ќе добие обнова на улицата.

Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши утре.

За жителите, коцката заминува во историјата.

Денес заврши асфалтирањето и на две улици кај средното медицинско училиште, барањето на граѓаните од оваа населба исполнето.

Во наредниот период општината ќе започне со интензивна работа на неколку улици. Ќе се реконстурира булеварот „ Гоце Делчев“, поточно крстоницата на самиот влез и ќе биде поставен нов слој на асфалт, а веднаш потоа ќе продолжи со асфалтирањето на улица „ Косовска“.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.