Најстарата зоолошка градина во светот

0

Кога царицата Марија Терезија наредила проширување на дворот Шонбрун, нејзиниот сопруг Карл Лоран посакал во внатрешноста да има големи градини кои го опкружуваат дворот, а да биде сместена и зоолошка градина. Така настанал ‘Tiergarten Schönbrunn’.
Оваа зоолошка градина некогаш била резервирана само за припадниците на Хабсбуршката династија, но подоцна постанала јавна и отворена за јавноста, со цел да можат да ја посетат само ако се пристојно облечени.

Некогаш ова била по популарност друга атракција во Беч. Најстарата зоолошка градина на светот е основана на 31 јули 1752 година. Но она шо што таа е денеска позната се само суперлативите, а дали заслужува или не тоа е друга работа.
Зоолошката градина е основана во стил на барокните интереси, посебно према убавината. Навиката за за држење на големи животни во кафезите за рекреација кај богатите , било обичај кој се развил во доцниот среден век и ренесансата. Во времето кога е основана оваа зоолошка градина, постоеле веќе неколку слични институции во Европа, но прашањето е зошто тие не се карактеризирале како зоолошки градини.

Во секој случај, зоолошката градина на царицата Марија Терезија и Карло Лорансе состоела од делови (павилјони) во кој царскиот пар можел на мир да имаат појадок или да испијат кафе. Вкупно имало осум посебни оддели кои го опкружувале павилјонот, така што се имало чувство како да се наоѓате среде дивина, покрај некои од најдивите суштества во природата. Од основањето во 1752 до 1779 година, зоолошката градина била резервирана само за припадниците на семејството и посебни гости, а од 1779 постанува отворена за јавноста и тоа потполно бесплатно.

Синот на Марија Терезија, цар Јосип Втори, го налседил интересот на родителите за природата и го воодушевувале експедициите во Африка и Америка, со цел да улови нови возбудливи животни. Така во 1826 година во зоолошката е донесена првата жирафа која набрзо постанала главна атракција , која делувала на модата, уметноста и книжевноста во Беч.
Пред Првата Светска Војна, зоолошката градина имала збирка од 700 видови на животни со над 3500 едински. Со самите катастрофални последици кои ги донела војната, зоолошката постанала несоодветна за животните. До крајот на војната, кој се поклопува со крајот на царството, во зоолошката останале 900 единки. Денеска зоолошката е во сопственост на Австрија.
По опоравувањето од двете светски војни, зоолошката градина е поправан, но најтешката судбина го наоѓа за време на Втората Светска војна, во војните кај Беч 1945 година, зоолошката градина е бомбардирана и тогаш многу животни се убиени. На крајот од војната останале само 400 преѓивеани животни.

Денес оваа зоолошка градина е една од најдобрите на светот, а во 2009 и 2010 година е прогласена за надобра зоолошка градина во Европа. Свој дом во неа имаат 500 животински видови, меѓу кои сибирскиот тигар, пандата и еднорогиот носорог.
Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb