Перфектно решение! Штип ќе добие обиколница

0

Конечно, возењето низ Штип ќе биде олеснето за сите. Наскоро, ќе се стави крај на сообраќајниот хаос во градот, особено во централното градско подрачје.

Решението за ова, локалната самоуправа го гледа во изградба на обиколница, за која општинските служби веќе подготуваат проект :

  • Улицата Борис Крајгер која завршува кај нервно одделение, да продолжи преку мост на река Брегалница, преку патот до Касарната. Тој пат да излезе кај Алумина каде би се направил кружен тек, таа улица да ја продолжиме до населбата Пребег па се до бањата Кежовица, објасни Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Изработката на проектот и неговата реализација, се со една единствена цел, ставање ред на сообраќајот во градот :

  • Ќе добиеме одлична обиколница, ќе добиеме една артерија со која ќе се растерети центалното градско подрачје и мостот кај населбата 8-ми ноември, истакна Захариев.

Според првичните проценки, со новиот патен правец од едниот до другиот крај на градот ќе се стигнува за неколку минути и возачите патот ќе го скратат речиси за половина.

Ако се оди според планот, проектот треба да биде изработен наскоро, а потоа општината ќе бара пари за негова брза реализација.

Освен обиколница, ќе се градат и два нови кружни текови во Штип, како и две велопсипедски патеки, во должина од 30-тина километри.

obikolnica23твстар

Сподели.


Коментарите се затворени.