Мирза Сендиќ од клубот Самурај победник на турнирот во мешани боречки вештини во Велес

0

На четвртиот турнир во мешани боречки вештини во Велес кој се одржа на 8.Октомври во чест на загинатите припадници на безбедносните сили кои застанаа во одбрана на Македонија во терористичкиот напад во Куманово „НОЌ НА ВЕЧНИТЕ-ЗАСЕКОГАШ СО ВАС„ штипјанецот Мирза Сендиќ од клубот за боречки вештини Самурај во својата прва професионална борба во ММА го победи представникот од Босна и Херцеговина, Изет Орлиќ.

sam2

Организацијата беше на високо ниво и е четврта по ред под организација на Раде Стафановски и клубот за боречки вештини Будо од Велес.

sam1

Мирза Сендиќ исто така тренер во клубот за мешани боречки вештини Самурај, победи во првата рунда во вторта минута со добро познатата полуга (арм-бар). Во изјава на нашиот портал Сендиќ изјави : “Задоволен сум од исходот на борбата и тоа што немам никакви повреди после истата.

sam4

За противникот знаев дека е кик боксер затоа и не сакав да ризикувам и да се борам со него во тој сегмент.За среќа сите коцките се поклопија и се испадна во најдобар ред.”

sam5

Од клубот за боречки вештини Самурај исто така порачуват дека следната борба на Мирза Сендиќ ќе биде во Прилеп,доколку дојде до организација на истиот или во Република Хрватска доколку успее да ја намали својата тежина и влезе во категоријата до 70 килограми.

sam6

Сподели.


Коментарите се затворени.