Проектот за коритото на Отиња до крајот на есента се затвора

0

Вработените во штипски Исар по четиринаесетти пат организираа заедничка акција за уредување на коритото на река Отиња. Денес се работеше на потегот од мостот кај трговски до новиот мост, каде се поставуваше плодна земја.

До крајот на есента речното корито целосно ќе уреди, а граѓаните и гости ќе можат да уживаат во пријатниот амбиент.

Освен вработените со полна пареа работи и механизацијата на јавното претпријатие. За да може да се засади трева и цветни аранжмани ќе бидет поставени околу 300 метри кубни плодна земја.

По завршувањето на овој дел, екипите на ЈП „Исар“ ќе започнат со градежни активности за средување на делот кај Ново Село каде река Отиња се влива во Брегалница. За сите досегашни активности за промена на ликот на коритото општината одвојува минимални финансиски средства, благодарение на етузијазмот на вработените во штипски Исар.

Сподели.


Коментарите се затворени.