Штипската бања „Кежовица“ се модернизира во вистински СПА центар

0

Во Градската бања „Кежовица” – Штип од денеска почна реконструкцијата на делот за тушевите. Директорот на ЈП „Исар”, Ангел Бојаџиев, кој направи увид во градежните работи рече дека комплетно ќе се променат плочките и санитаријата, ќе има и кади џакузи, а исто така ќе се направи и замена на старата и дотраена водоводна и електрична мрежа.

– „Значи завршена е тендерската постапка, тендерот го доби фирмата Бау-инжињеринг од Штип. Професионална фирма која за многу кратко време, за 20 дена комплетно ќе ја заврши реконструкцијата на тушевите” – рече Бојаџиев.

angel_bojadziev

Реконструкцијата на одделот за тушеви во бањата Кежовица чини околу 40.000 швајцарски франци, од кои 20.000 евра се донација од Швајцарската агенција за обнова и развој обезбедени преку Центарот за развој на Источно планскиот регион, а останатите 20.000 франци се средства од буџетот на штипското комунално претпријатие.

Раководителот на работна единица Градска бања „Кежовица”, Трајче Јанев, забележа дека во првите шест месеци од годинава имаат регистрирано околу 50.000 посетители на бањата.

– „Тоа се традиционални гости, кои доаѓаат во физикалната терапија и нашите постојани гости кои ги користат капацитетите на општата машка, женска бања и тушевите“ – додава Јанев.

banja1

извор:Ирис

Сподели.


Коментарите се затворени.