Во Штип ќе се градат два нови кружни текови

0

Црните сообраќајни точки на два булевара во Штип ќе се решаваат со изградба на кружни текови. Урбанистите од Секторот за урбанизам почнаа со изготовка на проекти за изградба на два кружни текови и тоа на најфреквентните делови од градот.

– Едниот ќе биде на крстосницата во населбата Сењак меѓу улиците „Сремски фронт” и „Џемал Бједиќ”, а вториот кружен тек е на булеварот „Гоце Делчев”, каде се вклучува улицата „Велјко Влаховиќ”, односно кај стара Алумина” – рече Александар Југов технички директор ЈП „Стипион”

По изготовката на проектите ќе се утврди и колку средства ќе бидат потребни за да се издвојат од буџетот на Општина Штип.

Иницијативата за изградба на кружни текови на булеварот „Гоце Делчев”, кој е влез и излез на градот и во најголемата населба Сењак, постои веќе подолг временски период. Причините за изградбата на новите кружни текови е да се зголеми безбедноста на возачите, но и на пешаците на овие булевари, кои водат до основни и средни училишта, градинки и кон индустрискиот дел на градот.

– На тие два булевари по евиденцијата на СВР-Штип имаме добиено статистика во која што има најголем број на жртви имаат регистрирано за пешаци, а исто така и голем број на сообраќајни несреќи и тоа токму на овие две крстосници. Се со цел да се зголеми безбедноста на сообраќајот се прават двата нови проекти” – појаснува Југов.

извор: Ирис

Сподели.


Коментарите се затворени.