Да се биде тука

0

Во еден краток филм од само 4 минути се собрани сите мисли кои ги имаме во текот на денот, заробени во обврските. Кога секојдневието притиска на нас стануваме сè повеќе и повеќе гладни за време посветено на себе.

Време поминато во природата, опружени со ништо друго освен бескрајното зеленило прави да се чувствуваме поблиски до себе. Местото каде што сме самите доволни и ниту една општествена норма не е важна е место каде што секогаш треба да се навраќаме на крајот на денот.

Режиран е од Hilary Oliver, а е овозможен од Outdoor research.

Краток филм кој што е во ритам со природата, а задолжително треба да се погледне во секој момент кога се чувствувате како животот да Ве притиска.

Сподели.


Коментарите се затворени.