Ризик од казни за Македонците што ќе гласаат на изборите во Бугарија

0

Ризик од казни за Македонците што ќе гласаат на изборите во Бугарија . Според бугарските закони, висината на глобата може да достигне и до 5.000 лева, односно близу 2.500 евра, независно од тоа што  Македонците со бугарски пасош се запишани во избирачкиот список и имаат законско право на глас.

Истото можат и без проблем да го искористат, но само доколку пред гласањето, три месеци во континуитет,  живееле во Бугарија или во некоја од членките на Европската Унија. Во спротивно, нивното жителство е дискутабилно, а гласањето казниво.

Ова на најлош можен начин го дознале околу 500 македонски државјани, кои гласале на изборите за европратеник во мај 2014 година. Тие правото на глас го искористиле во дипломатските претставништва во Скопје и Битола, но при обид за влез во Бугарија, биле сопрени на граница и однесени на суд.

На сите нив, судовите во Благоевград, Ќустендил, Петрич и Дупница им изрекле казни од 300 до 5.000 лева глоба.

Имено, македонските граѓани со двојно државјанство, потпишале декларација дека последните три месеци живееле во Бугарија или во некоја од членките на ЕУ, но проверките покажале дека тоа не е така, со што прекршиле два члена од законот и тоа за – недозволено гласање и давање лажен исказ.

Пријава за тоа дали е гласаат на претседателските избори во Бугарија, Македонците со својно државјанство треба да поднесат до 11 октомври, но извесно е дека бројот на оние кои тоа ќе го направат ќе биде многу мал поради страв од казни.

Инаку, според бугарските медиуми, се проценува дека околу 70.000 Македонци имаат важечки бугарски документи и право на глас. На изборите во мај гласале 1.180 Македонци, од кои половината се казнети.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb